Линкови за пристапност

Петреус вели дека очекува зголемено насилство во Авганистан


Петреус вели дека очекува зголемено насилство во Авганистан
Петреус вели дека очекува зголемено насилство во Авганистан

Главниот командант на НАТО во Авганистан предупредува дека борбите има изгледи да интензивираат во следните месеци, со можност за, како што рече, „сензационални напади“.

Американскиот генерал Дејвид Петреус зборуваше во среда во Кабул со Асошиејтед прес, велејќи дека силите на НАТО се подготвуваат за нов бран на напади што може да бидат „индискриминирачки по природа“, вклучувајќи самоубиствени напади што убиваат цивили.

Тој кажа дека дополнителни сили се испратени во Авганистан да направат добивки, но тие добивки ги нарече „кревки и реверзибилни“. Но тој исто така предупреди дека ова лето може да биде „со исто толку насилство или повеќе од минатото лето“.

Тој рече дека разузнавачките претставници очекуваат зголемување на насилството во време кога бунтовниците се обидуваа да ги вратат под своја контрола поранешните упоришта во јужниот дел на државата.

И покрај загриженоста, Петреус кажа дека мисли оти е можно да се започне со повлекувањето на некои од американските трупи во јули,како што е планирано.

XS
SM
MD
LG