Линкови за пристапност

Американскиот Сенат го потврди Петреус на чело на авганистанската војна


Американскиот Сенат го потврди Петреус на чело на авганистанската војна
Американскиот Сенат го потврди Петреус на чело на авганистанската војна

Американскиот Сенат го потврди генералот Дејвид Петреус како следен командант на американските и НАТО сили во Авганистан

Американскиот Сенат го потврди генералот Дејвид Петреус како следен командант на американските и НАТО сили во Авганистан.

Законодавците во среда едногласно изразија поддршка за нооминацијата на Петреус. Тој го заменува генералот Стенли Мекристал кој даде оставка минатата недела откако тој и неговите соработници направија навредувачки забелешки на сметка на претставници на администрацијата на Обама.

Петреус, кој беше на чело на американската Централна команда, нашироко се смета за заслужен за поставување на рамката за сегашните напори во Авганистан.

Тој предупреди дека трупите се соочени со бунтовништвото на Талебан додека ги обучуваат авганистанските сили и ја градат локалната управа.

XS
SM
MD
LG