Пензионираниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и поранешен командант на американските сили во Авганистан, Дејвид Петреус, за Гласот на Америка изјави дека не знае каква, ако воопшто и има улога во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, и покрај тоа што се` уште е во игра за функцијата државен секретар.
Петреус во интервју за курдската редакција на Гласот на Америка изјави дека имал „мошне добар и конструктивен разговор" со Трамп, пред тој да обелодени дека Рекс Тилерсон е неговиот избор за шеф на американската дипломатија.
Петреус воедно даде комплимент за одлуката, додавајќи дека Тилерсон на позицијата ќе донесе нешто „многу важно“.
Поранешниот директор на ЦИА истакна дека откако пред четири години заминал од позицијата, останал во контакт со членови во Конгресот и со припадници на армијата. Тој кажа дека очекува овие односи да продолжат.