Линкови за пристапност

Житните штетници и климатските промени


Нова студија вели дека инсектите и болестите кои ги напаѓаат посевите се движат кон поголеми височини со менувањето на климата.

Најголем дел од земјоделското производство се случува во зони со умерена темпаратура. Но, нова студија го поставува прашањето за безбедноста на храната во свет кој станува се` потопол.

Само од болести гинат 10 до 16 проценти од посевите по полињата, велат експертите, а уште 6 до 12 проценти на овој начин се уништуваат по жетвата.

Во меѓувреме, едно истражување покажува дека диви растенија и животни се движат кон половите со затоплување на планетата.

Американскиот Оддел за земјоделие ја корегира својата мапа на зони погодни за одгледување на одредени житарки.

„Тоа не` натера да мислиме“, вели биологот Дан Бебер од Универзитетот Ексетер во Британија, „дали сличен процес се случува со штетниците и патогените кои ги напаѓаат нашите земјоделски култури?“

За да открие, Бебер се свртел кон извештаите за прв пат видени нови инсекти и болести во светот. Податоците доаѓаат од земјоделската истражувачка организација CABI, која започнала со собирање на информации од индустријализирани и земји во развој пред еден век и сега следи стотици штетници и патогени во светот.

Бебер и неговите колеги проучувале 612 од нив, од вируси и бактерии до пеперутки, и нашле дека од 1960, тие се поместиле кон половите, со брзина од околу три километри годишно.

Тоа става некои од најпродуктивните фармерски земјишта во опасност.

„Додека нови видови на штетници и болести се развиваат и потенцијално средината за нив станува поприфатлива за живот на повисока надморска височина, притисокот на кошничките за храна во светот ќе продолжи да се зголемува,“ кажа Бебер.

Фармерите имат други закани со кои исто така треба да се справат. Инвазивните видови навлезени преку глобалната трговија и мобилноста исто така се закана за посевите. Ентомологот Џин Критски на Колеџот Монт Ст. Џозеф од Охајо, кажа дека климатските промени може да ја прават средината попогодна за некои инвазивни видови.

„Тоа значи дека видовите во другите делови на светот кои може подобро да успеваат на потопли температури, сега може добро да успеваат и во Америка.“

Критски не бил инволвиран во истражувањето, но кажа дека тоа го потврдува она што тој го видел на теренот. Тој додаде дека повеќе видови ќе можат да ги преживеат зимите на повисоки надморски висини со растењето на температурите.

Ентомологот Кристијан Крупке од Универзитетот Перду во Индијана нагласи дека ефектите од овие промени многу ќе зависат од житото, штетниците и од болестите.

Но тој рече дека истражувањето е уште еден предупредувачки знак за тоа што може да носи иднината.

„Мислам дека многу од овие студии посочуваат на една насока. Како сите да велат - сега мора да обрнеме внимание на промената на климата. Мора да сториме нешто, што е повеќе од нула,“ рече тој.
XS
SM
MD
LG