Линкови за пристапност

Рик Пери - номиниран за секретар за енергетика


Пери беше гувернер на Тексас и во трка за републиканска претседателска номинација во 2012-та и 2016-та година

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп соопшти дека го одбрал поранешниот гувернер од Тексас Рик Пери, на чело на Одделот за енергетика, за кој тој еднаш изјави дека треба да се елиминира поради неефективност.

Пери беше гувернер на Тексас 14 години, и беше во трка за републиканска претседателска номинација во 2012-та и 2016-та.

Во 2011-та година, за време на дебата како претседателски кандидат, Пери направи гаф поради што ги изгуби шансите да ја добие номинацијата. Тој повика на укинување на три федерални владини агенции – Одделите за трговија и за образование, но во тој момент не можеше да се сети кој е третиот. Подоцна кажа дека тоа е Одделот за енергетика.

Пери е познат по скептицизмот дека климатски промени се предизвикани од човечки фактор, но за време на неговиот мандат како гувернер, го направи Тексас голем производител на енергија со ветерници.

На почетокот на републиканските претседателски номинации годинава, Пери го нарече Трамп „рак на конзерватизмот“.

XS
SM
MD
LG