Линкови за пристапност

На Периодниот систем на хемиски елементи додадени четири нови


Конечно е пополнет седмиот ред на табелата

На студентите по хемија сега ќе им треба повеќе време да го меморизираат периодниот систем на елементи.

Четири елементи се додадени на табелата во согласност со Меѓународната унија за чиста и применета хемија.

Елементите, коишто се` уште не се официјално именувани, се наречени Елемент 113, Елемент 115, Елемент 117 и Елемент 118.

Новите елементи доведуваат до одредена симетрија во периодниот систем, пополнувајќи го седмиот ред од табелата.

„Хемичарите едвај чекаат да ја видат табелата конечно пополнета со седмиот ред“ кажа професорот Јан Ридик, претседател на неорганскиот оддел за хемија на Меѓународната унија за чиста и применета хемија.

Елементите кои биле откриени од страна на тимови во САД, Јапонија и Русија биле забележани при судирање на помали, полесни јадра и со следење на распаѓањето на радиоактивните елементи кои резултирале од тоа.

„За научниците ова е поголемо достигнување од Олимписки златен медал“ изјави добитникот на Нобелова награда за хемија, Рјоџи Нојори за весникот „Гардијан“.

XS
SM
MD
LG