Линкови за пристапност

Што прават САД во Ирак?


Засега нема ургентност набљудувачката улога да се претвори во нешто друго, велат претставници на Пентагон

Во Багдад постои стравување дека сцени на експлозии на автомобили-бомби стануваат нормала, додека на север, напади од Исламската држава Ирак и Левант ги принудуваат Шиитите да бегаат да си го спасат животот.

Но, по сите хорор приказни, Пентагон вели дека има напредок. Ирачките сили се движат кон повторно преземање на контролата врз градот Тикрит и најголемата рафинерија за нафта во државата.

Портпаролот на Пентагон и заднински адмирал Џон Кирби вели: „Не знам дали сум подготвен да кажам дека овде е прекинат моментумот, но Ирачаните секако го враќаат ударот и како што рековме на почетокот, ова е нивна борба“.

Ирачаните секако го враќаат ударот и како што рековме на почетокот, ова е нивна борба
Адмирал Џон Кирби

Колку САД ќе помогнат во таа борба, останува прашање.

Секретарот за одбрана Чак Хегел и други високи лидери во моментов ги разгледуваат првичните извештаи на американските тимови испратени во Ирак да ја проценат ситуацијата. Нема рокови колку ќе трае ревизијата и нема гаранции дека тие ќе препорачаат друго освен летовите на набљудување, оружјето и муницијата што веќе се обезбедени.

„Долгорочно решение за ирачката безбедност е стабилен и инклузивен политички процес“, вели Кирби.

Во меѓувреме, Ирак се врти кон Русија и Иран за помош, како борбени авиони. .

Експерти кои сведочеа пред Конгресот во среда, како армискиот генерал во пензија Џек Кин, велат дека тоа е проблем:

„Факт е дека Иран овде има влијание. И јас мислам, ако седиме овде и не правиме ништо, тоа влијание само ќе расте“.

Поранешниот американски амбасадор во Ирак Џејмс Џефри на законодавците дека Вашингтон треба да покаже воена сила:

„Ограничена воена сила би била добра противтежа, што ќе го зголеми нашето влијание зашто луѓето сега се прашуваат дали ќе го сториме тоа“.

Како дополнение на тимовите на теренот, САД имаат и носач на авиони и уништувачи во Персискиот Залив. Но засега, тие само набљудуваат. Додека шиитската паравојска се крева со оружје да ги штити светите места и градови од можно напредување на Исламската држава Ирак и Левант.

XS
SM
MD
LG