Ден откако претседателот на САД Доналд Трамп го разреши секретарот за одбрана Марк Еспер, три лојални лица на претседателот беа назначени на високи работни места во одбраната, објави Асошиетед прес.
Меѓу нив е и поранешен коментатор на „Фокс њуз“, кој не успеал да го помине процесот на потврда во Сенатот, поради навредувчки забалешки, вклучувајќи и такви за исламот.
Според извештајот на Асошиетед прес, промените во Пентагон предизвикале нервоза меѓу цивилниот и воен персонал, кои се загрижени дека секој, за кој се верува дека не е доволно лојален на Трамп, би можел да биде разрешен.
Вработените се загрижени што би можела да направи администрацијата на Трамп во наредните месеци, пред избраниот претседател Џо Бајден да ја презеде функцијата, како и дали би имало голем напор да се исполитизира историски аполитичната војска
Иако не се очекуваат радикални промени пред инаугурацијата на 20-ти јануари, сегашните промени би можеле да им наштетат на изгледите за мазна транзиција, која веќе е попречена од одбивањето на Трамп да го прифати изборниот резултат.
Џејмс Андерсон, кој бил вршител на должност потсекретар за стратегија, вчера поднесе оставка, по што брзо беше заменет од пензионираниот генерал Ентони Тата.
Кусо подоцна, Џозеф Кернан, пензиониран вицеадмирал, ја напушти функцијата потсекретар за разузнавање, и беше заменет со Езра Ватник, кој стана вршител на должност потсекретар за разузнавање.
Овие промени се случија вториот ден од доаѓањето на Кристофер Милер на чело на одбраната. Милер, донесе свој шеф на кабинет, Кеш Пател, како замена на Џен Стјуарт, кој работел на таа позиција за Еспер.
Пател е дел од малата група сојузници, кои патувале со Трамп за време на неговата кампања.
Тој, исто така, е поранешен обвинител во секторот за национална безбедност при Одделот за правда, како и поранешен член на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом.
Во таа улога, тој работеше со републиканецот Девин Нунес, во истрагата за руското мешање во изборите во САД во 2016 година.
Многу од стратешките и одбранбени приоритети на Трамп веќе се воспоставени од Еспер и неговите претходници, под директива на генералот Марк Мајли. Сите овие воени лидери остануваат на функција.
Демократскиот конгресмен Адам Смит, претходно рече дека Трамп не смее да приоритизира лојалност наместо способност, и да постави некој на функција, кој не може да обзбеди поддршка од Сенатот.
Според официјални лица од Пентагон, Милер продолжува да се среќава со вработените и да се запознава со комплексните и клучни прашања за национална безбедност.
Facebook Forum