Пентагон испрати 5.200 војници покрај на американската граница со Мексико, за да и помогне на граничната патрола да се справи со караванот мигранти од Хондурас, кој се движи кон САД.
Надлежните велат дека војниците ќе поддржат повеќе од две илјади национални гардисти долж границата.
Според американските власти, повеќе од шест илјади мигранти од Централна Америка се доближуваат до границата.
„Веќе помина некое време. 20 дена или можеби месец. Престанав да бројам. Но, господ е голем и јас наидов на многу добри луѓе кои ми помогнаа“, рече Бренда Гонзалес, мајка од Гватемала, која бара азил во САД.
Претседателот Доналд Трамп, во неколку наврати, повтори дека мигрантите кои се движат кон САД претставуваат инвазија на државата, додавајќи дека нив ќе ги пречека војската.
Многумина од оние кои се обидуваат да стигнат во САД сакаат да избегаат, од како што велат, секојдневните закани по нивните животи и недостиг на работни места.
Тие, исто така, сакаат да ги однесат нивните деца подалеку од влијанието на бандите.
Трамп нагласи дека секој што сака да влезе во САД мора да го стори тоа на легален начин, преку правен процес.
Facebook Forum