Линкови за пристапност

Нема насоки од Пентагон за соработка со Русија во Сирија


Не сме добиле никаква конкретна насока во овој момент, изјави американскиот генерал Џозеф Вотел

Командантот на силите на САД за Блискиот исток вели дека не добил нови насоки од Пентагон за воена соработка со Русија во Сирија, по неодамнешната средба на претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки.

„Не сме добиле никаква конкретна насока во овој момент“, изјави денес американскиот генерал Џозеф Вотел, кој ја предводи Американската централна команда.

САД моментално се борат против борците кои останаа од Исламската држава во Сирија, додека руските сили ги напаѓаат групите кои се против Асад.

Во вторникот, руското Министерство за одбрана соопшти дека е подготвено да го спроведе она што наводно било постигнато за време на разговорот Трамп –Путин, во врска со зголемената соработка со американската војска во Сирија.

Генералот Вотел денес потврди дека американското законодавство ја забранува билатералната соработка со Руската армија.

„Исклучоците „ќе треба да бидат креирани од страна на Конгресот“, рече тој.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG