Американскиот Оддел за одбрана соопшти дека казнил седуммина членови на елитниот тим на американската морнарица - „Силс“, затоа што откриле доверливи информации кога биле ангажирани како консултанти на компанија за производство на видео-игри.
Специјалците наводно на дизајнерите на видео играта „Медал на честа: воин“ им дале информации за специјално дизајнирана воена опрема без дозвола на своите претпоставени.
Специјалците добиле писмен укор и парична казна. Официјални лица велат дека под истрага во случајот се и неколкумина други специјалци.