Пентагон повлекува 1.100 војници од американско-мексиканската граница што ги распореди како одговор на големиот број мигранти.
Официјален претставник на одбраната, кој сакаше да остане анонимен, денес за Асошиетед прес ги кажа деталите пред објавувањето.
Активните трупи беа испратени на границата во мај поради стравувањата дека крајот на ограничувањата за имиграцијата поврзани со ковид-19 ќе резултира со налет на мигранти кои се обидуваат да преминат во САД.
Но, веднаш по истекот на ковид мерката, бројот на лица кои ја поминуваат границата нагло се намали и остана низок, според податоците на Царината и граничната заштита.