Линкови за пристапност

Северна Македонија има обврска кон НАТО да инвестира во граѓаните, велат од Пентагон


Интервју со заменик-помошникот секретар за одбрана на САД за НАТО и европска политика
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

НАТО поддржува посилна демократија, поголеми индивидуални слободи и права, а сега кога Северна Македонија стана членка има обврска да ги заштити овие права, рече в.д. заменик-помошникот секретар за одбрана на САД Ендрју Винтерниц

САД очекуваат државата да ја исполни обврската кон НАТО и да инвестира во нејзините граѓани, рече Ендрју Винтерниц, в.д. заменик-помошник секретар за одбрана на САД, задолжен за НАТО и европска политика, во интервју за Гласот на Америка.

„Инвестирање во Армијата и луѓето. Се надеваме дека тоа ќе продолжи, бидејќи посилна Северна Македонија значи посилна НАТО Алијанса, што пак значи посилна Европа. Се радуваме да го продолжиме напредокот во оваа насока“, вели тој.

Го прашавме дали под инвестирање во луѓето се подразбира владеење на право, слободни медиуми, борба против корупција.

„По падот на комунизмот, видовме многу држави кои прават ваков вид реформи низ регионот. Членството во НАТО всушност има главен придонес во тоа, бидејќи НАТО поддржува посилна демократија, поголеми индивидуални слободи и права. Сега кога Северна Македонија е членка на НАТО има обврска да ги заштити овие права. Се надеваме дека ќе видиме напредок во однос на овие прашања“, рече Винтерниц.

Според него, влезот на држвата во НАТО ќе доведе до зголемена безбедност во Југоисточна Европа, особено кога регионот се соочува со безбедносни закани, како ескалација на тензиите меѓу Грција и Турција.

„Турција и Грција се сојузници во НАТО, тие се сојузници на САД и на Северна Македонија. Исто така, се и наши пријатели. Секогаш кога ќе дознаеме дека нашите пријатели имаат меѓусебни проблеми, ние сме загрижени. Изгледа дека сега двете држави презедоа чекори за привремено повлекување, и оти се на пат кон постигнување дијалог“, вели тој, додавајќи:

„Цврсто ги поддржуваме мерките на Германската влада, која се обидува да ги обедини двете држави. Јас мислам дека трендот, не само за Грција и Турција, туку и регионално, е за поголем дијалог. Ние ги поддржуваме тие напори и се надеваме дека ќе продолжат“.

Винтерниц истакна дека друг многу важен аспект за регионот од членството на државата во НАТО, е тоа што Северна Македонија им покажала на другите аспирантки дека вратата е отворена, и оти идејата за целосна, слободна и мирна Европа се` уште е жива.

„Уште поважно, Северна Македонија зема место на масата, таа е една од сојузниците, и ќе продожи да придонесува за зацврстување на НАТО“, рече тој.

Нагласи дека заложбата на САД кон НАТО и натаму останува цврста.

„Навистина независно кој е во нашата Влада, постои цврста двопратиска поддршка за НАТО, за нашите пријателства, алијанси и партнерства во Европа“, изјави тој, и рече дека очекува државата и понатаму да биде во можност да придонесува во мировните мисии како и досега.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG