Линкови за пристапност

Пентагон: случајот со ненамерно испраќање на антракс многу полош отколку што се мислеше


Сепак, американскиот Оддел за одбрана тврди дека не постои опасност по пошироката јавност и дека има мал ризик за вработените во лабораториите

Пентагон соопшти дека случајот со ненамерното испраќање на живи спори на антракс до комерцијални и армиски лаборатории во САД и странство е многу полош од првичните проценки.

Според проверката, 51 лабораторија во 17 сојузни држави и главниот град Вашингтон, како и во Австралија, Канада и Јужна Кореја можеби ја добиле потенцијално опасната пратка. Заменик-секретарот за одбрана Роберт Ворк синоќа изјави дека овие бројки може да се зголемат како што продолжува истрагата, но подвлече дека не постои опасност по пошироката јавност и дека има мал ризик за вработените во лабораториите.

Со истрагата раководат Американските центри за контрола на болести.

Примероците на антракс биле испратени од лабораторија на американската армија во Јута. Ворк кажа дека истрагата ќе се насочи на тоа зошто радијацијата не успеала да ги уништи спорите на антракс, како и зошто тестирањето не открило дека спорите се активни.

Испрратениот антракс требало да се искористи за развивање на тест за идентификување на биолошките закани на теренот.

Контактот со живи спори на антракс може да доведе до сериозни симптоми, налик на грип, и со фатални последици доколку не уследи навремен третман.

XS
SM
MD
LG