Портпаролот на Пентагон Џеф Морел во четврток повика Викиликс да ги врати сите верзии на класифицираните документи, и трајно да ги избришат од своите компјутери.
Морел кажа дека веб-страницата има шанса да направи што смета дека е исправно и да не ја влошува штетата што е веќе направена.
Но, портпаролот рече дека претставници на Пентагон не се многу убедени дека тоа ќе го смени ставот на Викиликс.
Тој кажа дека Викиликс не покажува знаци дека ја сфаќа сериозноста на ситуацијата, вклучувајќи го загрозувањето на животи и операции на кои може да им е наштетено.
Армиски претставници се сомневаат дека американски војник ги предал документите на Викиликс.
Документите опишуваат проблеми во војната во Авганистан и вклучуваат имиња на авганистански жители кои им помагале на американските сили.
Пентагон бара веб-страницата Викиликс веднаш да врати десетици илјади од тајните документи за војната во Авганистан објавени минатиот месец, заедно со други за кои сопствениците на сајтот велат дека се подготвени да ги објават