Линкови за пристапност

Свештеници од Пенсилванија сексуално злоупотребиле над илјада деца


Од над 300 осомничени сторители, само двајца се обвинети за кривично дело

Повеќе од 300 католички свештеници од сојузната држава Пенсилванија, се обвинети дека во период од над 70 години, сексуално злоупотребиле над 1.000 деца.

Некои од наводните жртви, заедно со главниот правобранител на Пенсилванија Џош Шапиро, присуствуваа на брифингот за новинарите, на кој се дискутираше извештајот на големата порота каде се вели дека црковните лидери ја прикривале злоупотребата на момчиња и девојчиња во шест епархии во Пенсилванија.

„Црковните службеници рутински и намерно ја опишувале злоупотребата како игра, борење и несоодветен контакт, иако тоа не било случај. Станува збор за сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи и силување на деца извршено од возрасни мажи, свештеници“, рече Шапиро.

Од над 300 свештеници наведени во извештајот, само двајца се обвинети за кривично дело. Останатите или се мртви или истекол рокот за можност за покренување на кривично обвинение.

Ватикан се` уште не го коментира извештајот, но Питсбургската епархија побара прошка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG