Линкови за пристапност

Вонредната состојба во Северна Македонија веројатно ќе биде продолжена


Вонредната состојба во Северна Македонија веројатно ќе биде продолжена
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Вонредната состојба во Северна Македонија веројатно ќе биде продолжена

Според шефот на државата, кој го свика Советот за безбедност, ситуацијата со коронавирусот е таква што речиси е извесно дека ќе има продолжување на вонредната состојба.

В четврток напладне ќе се одржи седница на Советот за безбедност. Тогаш истекуваат 30 дена од прогласувањето вонредна состојба во земјава. Главна точка ќе биде прашањето дали има потреба од продолжување на оваа мерка. Според шефот на државата, кој и го свика Советот за безбедност, ситуацијата со коронавирусот е таква што речиси е извесно дека ќе има продолжување на вонредната состојба.

„Секако ќе чекам ново барање од владата дали има потреба, со оглед на податоците кои таа ги има, да се прогласи нова вонредна состојба за 30 дена. Според она што го знам до сега, тоа и јавноста го знае, тие информации се споделени со сите вас, нема никаква тајна, и не треба да има во однос на оваа пандемија, мислам дека се шансите извесни или големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи и опкружувањето околу нас, ова е пандемија, оваа не е само кај нас проблем, меѓутоа и внатрешните состојби, кои не ескалираат, меѓутоа не се значително редуцирани се уште, побаруваат ваков тип на ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба“ изјави Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија.

На 18 март за првпат од независноста беше прогласена вонредна состојба, која и даде широки овластувања на владата да се справува со пандемијата, меѓу другото да носи уредби со законска сила.

XS
SM
MD
LG