Засега нема потреба од прогласување кризна состојба во други општини покрај Дебар и Центар Жупа, ниту пак ситуацијата со коронавирусот е таква за воведување вонредна состојба - ова се дел од заклучоците од вечерашната седница на Советот за безбедност. Членовите на ова тело се согласиле дека државата, во овие услови, е соодветно поставена за да се справи со заразата. Утврдено е дека е максимално мобилизиран целиот медицински персонал во земјата и дека граѓаните на двете општини кои се под карантин целосно ги следеле препораките на андлежните институции.
„Апел до граѓаните да се придржуваат до сите мерки што се прошишани. Нашите граѓани, без потреба да не патуваат надвор во други ризични земји, а и наши сограѓани од други држави да не патуваат во земјава“ изјави Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија.
Утре на пладне во претседателскиот кабинет е закажана лидерска средба на која се очекува одлука за одложување на парламентарните избори кои уште лани во октомври беа договорени за 12 април, а формално распишани на 16 февруари.