Линкови за пристапност

Пендаровски го свика советот за национална безбедност


Пендаровски го свика Советот за национална безбедност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Пендаровски го свика Советот за национална безбедност

Пендаровски размислува во насока на можно одложување на изборите закажани за 12 април поради ситуацијата со коронавирусот.

Шефот на државата при денешното обраќање токму за состојбата со вирусот, неколкупати повтори, дека ова е негов личен став, а не сугестија до надлежните кои треба да проценат дали би било добро или не изборите да се одржат во закажаниот термин за еден месец отсега.

„Не сум надлежен за тоа прашање, ако мене ме прашувате сериозно би размислил за таа опција. Ова е ситуација без преседан, не велам донесете ја одлуката ваква, или онаква, велам дека вие треба да ја донесете. И да се одложат изборите за месец или два тоа нема да биде пропаст на светот“ изјави Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

Ова прашање, за кое вчера разговараа партиските лидери, ќе биде тема и на седницата на Советот за безбедност која претседателот ја закажа за в понеделник. На неа, покрај членовите, ќе учествуваат и министерот за здравство и началникот на генералштабот. Ќе се разгледуваат сите опции – и оние за во најлошо сценарио.

„Постои можност да се прогласи кризна состојба на цела територија поради вирусот зашто тоа е национална закана. Третата опција е воведување вонредна состојба која досега не била воведена“ рече Пендаровски.

Шефот на државата апелираше на веродстојно информирање за ситуацијата со вирусот – според него, досега биле детектирани неколку организирани обиди за ширење лажни вести и дезинформации. Иако наредната недела Шпанија ќе ја финишира внатрешната процедура за ратификација на НАТО-членството на Македонија, поради глобалното ширење на коронавирусот откажано е патувањето за Вашингтон на 23 март кога државна делегација требаше да го депонира ратификацискиот инструмент со што земјава и официјално станува 30-та членка на НАТО Алијансата.

XS
SM
MD
LG