Линкови за пристапност

Пендаровски прв, Силјановска втора – утврден редоследот на гласачкото ливче


Силјановска - Пендаровски
Силјановска - Пендаровски

Вака ќе изгледа гласачкото ливче за првиот круг од претседателските избори на кој ќе се соочат седум кандидати за врвната позиција во земјава – така пресече денешната жрепка што се одржа во Државната изборна комисија. Број еден ќе биде актуелниот шеф на државата – Стево Пендаровски, број два – главниот негов предизвикувач – Гордана Силјановска-Давкова зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Трет на ливчето ќе биде актуелниот градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој од мината седмица се наоѓа на американската црна листа. Број четири е кандидатот на ДУИ – Бујар Османи кој речиси четири години е на чело на македонската дипломатија. До него, под број пет е професорката Билјана Ванковска која ја има поддршката на Левица. Број шест е кандидатот на опозицскиот блок на партиите на Албанците – градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари. Последната, седма позиција е за првиот човек на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Државната изборна комисија го утврди изгледот на гласачкото ливче
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Интересно е дека на позициите еден и два, еден до друг се двајцата кандидати кои се сметаат за фаворити за функцијата претседател – Пендаровски и Силјановска-Давкова.

„Со извршената жрепка е утврден редоследот на кандидати за претседател на државата. Редоследен е следен Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски“, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Паралелно со подготвките за претседателските, партиите се спремаат и за парламентарните избори. Денеска во Тетово „Европскиот фронт“, коалиција предводена од владејчката ДУИ, се окрупни со ДПА на Мендух Тачи и со партијата на Аријанит Хоџа. Според лидерот на ДУИ наскоро се очекува и приклучување на крилото од Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села. Ахмети, во настапот, порача дека денешниот настан е и продолжување на соработката почната уште во времето на поранешниот лидер на ДПА, Арбен Џафери.

Али Ахмети - ДУИ
Али Ахмети - ДУИ

„Нашето денешно пријателство значи продолжување на соработката што ја започнавме со Арбен Џафер. Денес го продолжуваме националното патување. Овој фронт нема лични интереси, туку национални интереси“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Изминатиот викенд најголемата владејачка партија СДСМ ги презентираше носителите на пратеничките листи, a главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ја презентираше изборната програма. Партиските структури веќе наголемо се подготвуваат за претседателските и парламентарните избори.

XS
SM
MD
LG