Линкови за пристапност

Пендаровски: Време е да ги залечиме отворените рани од минатото


Пендаровски: Време е да ги залечиме отворените рани од минатото
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Претседателот го почна првиот ден на работа со пораки за помирување

Со порака за помирување стартуваше првиот работен ден на новиот шеф на државата кој вчера ја презеде функцијата од Ѓорѓе Иванов.

„Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Унијата ги поздрави неговите пораки за обединување. Евроамбасадорот во земјава денеска ги пренесе честитките од врвот на Унијата.

„Ја очекуваме соработката со претседателот во чекорите за интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Му ja пренесов мојата благодарност за неговите пораки за помирување, за пружање рака кон опозицијата, за обединување на сите политички сили за придвижување на земјата. Охрабрени сме од ваквите пораки“, рече амбасадорот на ЕУ во државата Самуел Жбогар.

Вчерашната инаугурација, за разлика од другите во минатото, помина без бојкот, или непризнавање на новоизбраниот шеф на државата. Во Собранието забележливо беше отсутсвото на лидерот на опозицијата.

„Покана до моментот на церемонијата немаше пристигнато за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, така што непоканет нема никој да присуствува“, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски најави дека обединувањето и градење државен консензус за најважните стратешки цели на земјата ќе бидат едни од клучните точки во неговиот мандат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG