Линкови за пристапност

Пендаровски ги одобри законите за „Бехтел и Енка“, немало формулација 60-часовна работна недела


Овој чекор на Пендаровски за т.н. „закони за Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските коридори 8 и 10д следи и покрај острите противења на синдикатите и граѓанските организации пред се за законот за работни односи.
Овој чекор на Пендаровски за т.н. „закони за Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските коридори 8 и 10д следи и покрај острите противења на синдикатите и граѓанските организации пред се за законот за работни односи.

Шефот на државата стави потпис на измените на законите за работни односи, за експропријација, за градење, за урбанистичко планирање, за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер со што се отвори пат за нивно стапување на сила.

Овој чекор на Пендаровски за т.н. „закони за Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските коридори 8 и 10д следи и покрај острите противења на синдикатите и граѓанските организации пред се за законот за работни односи. Образложението на Пендаровски зошто го потпишал указот е дека во законските измени, меѓу другото, не стои формулација 60-часовна работна недела.

„Никому не оспорувам дека и сега може да поднесе иницијатива и да каже дека ова мое толкување не држи. Освен што во законот нема експлицитна одредба дека работната недела ќе биде 60 часа по работник, има една друга одредба која ми помогна во носењето на одлуката – таа одредба вели „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“. Да преведам овде работиме за автопатишта – нивното градење, сезона, не трае повеќе од 3 до 6 месеци, така што, на ниво на година нема да се пробијат законските саати“, изјави претседателот Стево Пендаровски.

Ставот на Пендаровски е дека дебатата за овие закони наместо да биде за нивната суштина се трансформирала во дневнополитичка пресметка меѓу власта и опозицијата кои, освен за проектот „Бехтел и Енка“, не можат да најдат консензус и за друго прашање од исклучително значење – уставните измени. Според шефот на државата, пораката што американскиот сенатор Крис Марфи ја испорача – дека неспроведувањето на овој процес ќе се одрази на американско-македонските односи, најверојатно е упатена на адреса на ВМРО-ДПМНЕ.

„Внесот и на други делови од народи во Уставот нема да ја загрози иднината на Македонија, како што тоа не се случи и кога се внесоа уште 7 народи во минатото. Претпоставувам дека сенаторот Марфи мислел на луѓето од опозицијата со кои се виде, а нивниот став е познат тие се против уставни измени што значи дека на 1 декември сами себе ќе се блокираме и тоа само по себе е голема причина за загриженост кај нашиот најголем стратешки партнер“, вели Пендаровски.

Работната група го заврши својот дел од обврската и ја изготви предлог-иницијативата за уставни измени. Сега „топката“ е кај владата која откако ќе го добие документот, треба да го усвои и да го прати во Собранието. Во меѓувреме се прават обиди за доаѓање до потребното двотретинско мнозинство за заокружување на процесот. За ова прашање, премиерот Ковачевски најави лидерска средба и состаноци со партиските претседатели, вклучувајќи го и шефот на опозицијата Мицкоски.

XS
SM
MD
LG