Линкови за пристапност

Пендаровски прими претставници на Американската стопанска комора во Македонија


На денешна средба на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со членовите на делегацијата на Американската стопанска комора во Македонија, тема на разговорите биле севкупните економски состојби, можностите за водење бизнис и можностите за инвестирање во државата.

Според соопштението на кабинетот, претседателот Пендаровски потенцирал дека во фокусот на неговата работа е подобрувањето на економската состојба и дека ќе настојува потребите на стопанствениците во Република Северна Македонија да бидат соодветно артикулирани пред државните институции и за време на неговите посети во странство. Според Пендаровски, политичарите треба да придонесат во создавање на поволна бизнис-клима.

Пендаровски изјавил дека тим на личности со богато практично искуство работи на стратешки документ за приоритетите во развојот на економијата во следната деценија, 2020 – 2030 и ги поканил и гостите од Американската стопанска комора во Македонија да се вклучат со свои предлози и сугестии при носењето на законски решенија од економската сфера, за донесување на поквалитетни закони и подобрување на условите за водење бизнис во Република Северна Македонија.

Според претседателот Пендаровски, тоа што РСМ е на чекор до полноправно членство во НАТО и до почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, дополнително ќе ја потврди како стабилно и сигурно место за водење бизнис и како дестинација за која треба да се води сметка при инвестициите од странство.


Facebook Forum

XS
SM
MD
LG