Линкови за пристапност

Пенс му се јавил на Заев со порака за поддршка


Белата куќа соопшти дека потпретседателот Пенс го охрабрил премиерот Заев да даде приоритет на реформите кон евроатлантската интеграција

Потпретседателот на САД Мајк Пенс денес му се јавил на премиерот Зоран Заев, соопшти Белата куќа.

Пенс, во име на претседателот Доналд Трамп, му го честитал на Заев преземањето на премиерската функција во Македонија.

„Пенс истакна дека САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација кон Македонија, и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите, кои ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец“, се вели во соопштенито од Белата куќа.

Пенс најавил и дека со нетрпение очекува да се сретне со Заев, како и со другите лидери на земјите од Западен Балкан, на Самитот на Јадранската повелба, кој ќе се случи на 2-ри август во Подгорица, Црна Гора.

По разговорот со Заев, Пенс му се јавил и на грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави Белата куќа.

Амбасадорот на САД во Скопје Џес Бејли неодамна изјави дека учеството на потпретседателот Пенс на состанокот на Јадранската повелба, е потврда за посветеноста на Вашингтон на регионот

„Посетата на потпретседателот Пенс е пред се` со цел да зборува со партнерите и со сојузниците, за посветеноста на САД на овој регион. Мислам дека ќе слушнеме пораки на таа тема. Тоа е суштинската цел на посетата. Јадранската повелба, во која САД се дел преку Република Македонија, како и другите регионални членки, е прекрасен форум на кој тој ќе може да зборува, и да се запознае со лидери од регионот“, рече Бејли на свеченоста по повод испраќањето на контингент на АРМ на меѓународната вежба „Сајбер Гардиан 2017“.

Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и со Босна и Херцеговина, е членка на Јадранската повелба (Адриатик Чартер), а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји – набљудувачи.

Јадранската повелба е формирана под покровителство на САД во 2003-та година, со цел да ги координира активностите за поддршка на земјите - аспиранти за членство во НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG