Мајк Пенс, највисоко рангиран американски претставник во посета на Црна Гора со децении наназад, изрази пофалба за најновата членка на Алијансата, порачувајќи дека САД се посветени на подобрување на односите во регионот.
Подгорица е последна станица од турнејата на потпретседателот Пенс низ Источна Европа, чија цел е да ги убеди сојузниците од регионот кои се загрижени за однесувањето на Москва.
Русија ја смета Црна Гора за сојузник, но Москва се обвинува за подривање на напорите на оваа земја за влез во НАТО во јуни.
Facebook Forum