Линкови за пристапност

Пенс вети директна помош за прогонетите христијани


Администрацијата на Трамп изјави дека ќе го намали буџетот на Обединетите нации за десетици милиони долари

Американскиот заменик-претседател Мајк Пенс вели дека САД директно ќе обезбедат средства за да им помогнат на прогонетите христијани и на други малцинства, земајќи ги тие средства од, како што вели, неефективните програми на Обединетите нации.

Пенс ова го изјави за време на вчерашниот говор пред групата „Во одбрана на христијаните“, која работи на промовирање на поголема свесност за проблемите со кои се соочуваат христијаните на Блискиот исток.

„Христијаните и сите кои се прогонувани на Блискиот исток, не треба да зависат од мултинационалните институции, кога Америка може директно да им помогне. Претседателот Трамп го заложи Стејт департментот да го стопира финансирањето на неефикасните хуманитарни напори во Обединетите нации, и место тоа, да обезбеди директна поддршка за прогонуваните заедници преку УСАИД “, рече Пенс.

По говорот на Пенс, Гласот на Америка не доби брз одговор на прашањата до Обединетите нации и до Стејт департментот.

Пенс не ги наброја засегнатите Агенциите за помош на ОН, и колку пари биле во прашање.

Администрацијата на Трамп претходно потврди дека ќе го намали буџетот на ОН за десетици милиони долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG