Линкови за пристапност

Пенс го охрабри Ципрас да работи со Заев на заеднички прифатливо решение


Во телефонскиот разговор со грчкиот премиер, американскиот потпретседател нагласува дека решението на спорот за името ќе донесе мир во целиот регион

Потпретседателот на САД Мајк Пенс, во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, ги поздрави напорите на неговото лидерство и на македонскиот премиер Зоран Заев, за решавање на долгогодишниот спор за името, соопшти Белата куќа.

Тие се согласиле дека двете страни имаат историска можност да го решат овој проблем, нагласувајќи дека овој момент е од суштинско значење.

„Потпретседателот го охрабри премиерот Ципрас да продолжи да работи со премиерот Заев, на заеднички прифатлив договор. Решението на овој проблем ќе доведе до стабилност и мир во регионот“, се вели во изјавата од Белата куќа.

Република Илинденска Македонија е официјалниот предлогот, кој Заев и Ципрас го договорија на средбата во рамките на Самитот во Софија.

Предлог-решението бара измени на Уставот, а според договореното, јазикот и нацијата натаму ќе бидат именувани како македонски.

Сепак,последен збор ќе имаат граѓаните кои ќе можат да го кажат својот став на референдум. Премиерот не појасни кога би се одржал референдумот.

„Чекорите со временската рамка ќе бидат дефинирани. Важно е тоа што нашиот грчки партнер прифати да се спроведе референдумот, со цел секако да го заокружиме прашањето. Притоа тие и не бараат референдум. Јас сум благодарен за тоа. Сепак ние менуваме нешто во Македонија. Соодветно, штом ќе ги дефинираме веднаш ќе ги соопштиме чекорите“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека идната недела очекува да се одржи средба со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк, каде би се направила драфт-верзија, и би се утврдила временската рамка во која спаѓа и референдумот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG