За време на посетата на една од најголемите медицински институции во државата, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, вчера предложи 100.000 Америкнаци кои оздравеле од КОВИД-19 да придонесат со крвна плазма за потенцијална помош на пациенти со коронавирус.
„Некои лекари велат дека луѓе кои примиле терапија со плазма се опоравиле на респоратори многу побрзо“, рече Пенс во Клиниката Мејо. „Ги охрабруваме луѓето низ целата земја кои оздравеле од коронавирус, да донираат крв доколку се ослободени од вирусот повеќе од 14 дена.”
Лекарите во болницата и од истражувачкиот центар, на потпретседателот му кажаа дека се охрабрени од резултатите од терапијата со плазма, но дека не е направена конклузивна студија.
Во времето кога Пенс беше во посета на Мејо клиниката, бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД надмина еден милион - што е една третина од регистрираните случаи во светот. Повеќе од 59 илјади лица во државата умреле од болеста од февруари наваму.