Линкови за пристапност

Потпретседателот Пенс не се сретна со официјални лица од Северна Кореја


Официјални американски претставници велат дека потпретседателот Мајк Пенс претходно месецов требало да се сретне со претставници од Северна Кореја, но Пјонгјанг ја откажал средбата во последен момент.

Состанокот требало да се одржи на 10-ти февруари, за време на посетата на Пенс на Јужна Кореја на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри.

Потпретседателот требало да се сретне со Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, и Ким Јонг Нам, номиналниот раководител на државата, кои седеа недалеку од Пенс за време на церемонијата.

Не е познато дали однесувањето на Пенс кон Северна Кореја влијаело на нивната одлука да ја откажат средбата.

Потпретседателот одби да ја признае севернокорејската делегација на приемот пред церемонијата и претходно одржаа отворен состанок со група севернокорејски дисиденти.

Севернокорејските државни медиуми велат дека постапките на Пенс го налутиле Пјонгјанг, нарекувајќи го неговото одбивање да аплаудира на заедничкиот корејски тим и го предупредуваат американскиот лидер да „престане да се однесува непромислено“, спротивставувајќи се на подобрувањето на врските меѓу двете Кореи.

Ниту Сеул, ниту Пјонгјанг не коментираа за откажаниот состанок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG