Линкови за пристапност

САД се надеваат на мировен план за Блискиот Исток во 2018-та


Потретседателот Мајк Пенс, во Израел изјави дека претставувањето на планот ќе зависи од подготвеноста на Палестинците за преговори

САД денеска најавија дека се надеваат оти подоцна годинава ќе го претстават мировниот план за Блискиот Исток, но потпретседателот Мајк Пенс кажа дека тоа зависи од подготвеноста на Палестинците да се вратат на преговарачката маса со Израел.

Завршувајќи ја својата тридневна посета во регионот, Пенс за новинската агенција Ројтерс, изјави: „Белата куќа работи со партнерите во регионот, за да видиме дали можеме да создадеме мировна рамка. Сега се` зависи од тоа кога Палестинците ќе се вратат на преговорите“.

Виш владин претставник, кој побара да остане анонимен, во Ерусалим кажа дека американските преговарачи не сакаат да инсистираат на временска рамка, бидејќи изминатите рокови за преговори честопати се пропуштале.

Пенс додаде дека заедно со претседателот Доналд Трамп, веруваат дека одлуката за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, ќе ги зголеми шансите за мир. Палестинскиот лидер Махмуд Абас ја осуди оваа одлука на Трамп и одби да се сретне со Пенс за време на овонеделната посета. Американскиот потпретседател во говорот во израелскиот парламент порача дека САД ќе ја префрлат амбасадата до крајот на 2019-та година.

Пенс на неколкупати повтори дека САД го сметаат Ерусалим за главен град на Израел, што е промена во повеќегодишната политика на САД по прашањето. Тој сепак подвлече дека во какво е создавање на палестинска држава, мора да се преговара за финалните граници. Палестинците воедно велат дека би го сметале источен Ерусалем за нивен главен град.

Потпретседателот на САД за време на посетата на Ерусалим, беше и на Ѕидот на плачот, велејќи дека му претставува голема чест, што може да се моли на ова свето место.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG