Линкови за пристапност

САД и натаму се противат на Нуклеарниот договор со Иран


Ова го потврди потпретседателот Пенс, кој се наоѓа во посета на Израел

Потпретседателот Мајк Пенс, кој се наоѓа во посета на Израел, го потврди ставот на владата на САД дека Меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран, треба да се промени и дека префрлањето на американската амбасада во Ерусалим е конкретен знак за американската посветеност.

За време на средбата со израелскиот претседател Рувен Ривлин, Пенс истакна дека САД испраќаат сигнал до своите европски сојузници, за потребата од промени во спогодбата од 2015-та година, која доведе до олеснување на санкциите за Иран, во замена за ограничување на нуклеарната програма.

Претседателот на САД Доналд Трамп и израелските лидери се спротивставија на договорот, тврдејќи дека Иран добил премногу, а се откажувал од премалку.

На постигнување на договорот со Иран, работеа преговарачи од САД, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија. Европските лидери рекоа дека спогодбата функционира, цитирајќи ги заклучоците на Меѓународната агенција за атомска енергија, задолжена за следење на активностите на Иран.

Европската Унија воедно изрази поддршка за продолжување на напорите да се најде решение за постоење две држави во израелско-палестинските преговори, а Ерусалим да биде заеднички главен град.

Шефицата за надворешна политика на Унијата Федерика Могерини, за ова го увери палестинскиот претседател Махмуд Абас, истиот ден кога Пенс во обраќањето пред израелскиот парламент, објави дека американската амбасада во Израел ќе се префрли во Ерусалим до крајот на 2019-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG