Линкови за пристапност

Пенс ќе го посети Блискиот Исток


Во рамки на четиридневното патување на потпретседателот на САД ќе бидат Египет, Јордан и Израел

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, денеска заминува на патување во Блискиот Исток.

Тој е првиот висок официјален претставник на администрацијата кој ќе го посети регионот, откако претседателот Доналд Трамп ја објави одлуката да го признае Ерусалим за главен град на Израел - потег што беше широко осуден од светските лидери.

Трамп исто така најави дека САД ќе ја преместат својата амбасада во Ерусалим од Тел Авив.

По објавувањето на оваа одлука, следеа демонстрации во светот на таканаречениот „Ден на лутина“.

Четиридневната турнеја на Пенс започнува со посетите на Египет и Јордан, по што следи Израел.

Пенс е евангелистички христијанин, а неговата посета на регионот се очекува добро да биде примена кај евангелистите, коишто му се наклонети на Израел.

Американскиот потпретседател не се очекува да се сретне со палестинските лидери.

Првично, патувањето беше закажано за декември, но било решено да се одложи заради отпорот предизвикан со признавањето на Ерусалим од страна на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG