Линкови за пристапност

Пенс и Сантос на разговори за можна воена акција во Венецуела


Американскиот потпретседател Мајк Пенс се наоѓа во Колумбија, каде се сретнал со колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос. Сантос изразил негодување околу заканата на претседателот Доналд Трамп да употреби воена сила во Венецуела, се вели во медиумските извештаи.

На заедничката прес-конференција во Картагена, Пенс не ја исклучи можноста за употреба на воена сила, но не зборуваше директно по прашањето.

Сепак, тој на колумбискиот претседател му порачал дека САД повеќе би преферирале, како што кажал, „мирољубиво“ решение за Венецуела.

Пенс додаде има многу опции за да се изврши притисок врз режимот на Мадуро, вклучувајќи зголемени економски и дипломатски мерки. Пенс го уверил Сантос дека САД нема да стојат настрана додека Венецуела „се распаѓа“ и се лизга во диктатура.

Пенс истакна дека неуспешната држава во Венецуела го загрозува целиот континент и дека претседателот Трамп го испратил во Латинска Америка, да ја предводи и да ја консолидира регионалната поддршка за потребата да му се помогне на венецуелскиот народ.

Сантос рече дека ниту една земја од Латинска Америка нема да прифати каква било форма на американска воена интервенција во Венецуела и дека прашањето не треба воопшто да се разгледува. Тој потенцираше дека неговата земја секогаш тежнее кон преговори и пред се`, изнаоѓање на мирољубиво решение.

Еднонеделната турнеја на потпретседателот Пенс во Латинска Америка, вклучува и посети во Аргентина, Чиле и Панама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG