Американскиот потпретседател Мајк Пенс вели дека дипломатските активности на Русија како одговор на новите санкции, нема да ја одвратат посветеноста на Америка САД за нејзината и безбедноста на сојузниците.
Во денешното обраќање во Грузија, Пенс рече дека предлог-законот за санкции, што претседателот Доналд Трамп ќе го потпише наскоро, испраќа „мошне јасна порака“ дека по активностите на Русија во Украина и нејзината поддршка за Иран и Сирија, нејзината „положба треба да се промени“.
Конгресот со големо мнозинство го усвои законот за санкции, со кој Русија се казнува за мешање во изборите во САД во 2016-та, истовремено наметнувајќи нови мерки за Иран и Северна Кореја. Русија на ова одговори со наредба САД да повлечат 755 дипломати од Москва.
„Претседателот и Конгресот се обединети во нашата порака до Русија: за подобрување на односите, укинување на санкциите, Русија ќе треба да ги смени активностите“, рече Пенс.
Американскиот потпретседател се наоѓа на турнеја по неколку држави, а чија цел е покажување на поддршката на САД за нејзините сојузници во регионот. Следна станица на Пенс е најновата членка на НАТО, Црна Гора.
Facebook Forum