Линкови за пристапност

Пенс во Европа за зацврстување на сојузништвото


Потпретседателот ќе ги посети Минхен и Брисел

Американскиот потпретседател Мајк Пенс следните неколку дена е во посета на Минхен и Брисел, прво патување во странство откако даде заклетва на функцијата, минатиот месец.

Виш советник за надворешна политика во Белата куќа кажа дека посетата е „можност за потпретседателот да ги увери нашите сојузници и партнери, исто така да ги изложи американските приоритети во трансатлантските односи" во името на претседателот Доналд Трамп.

Европските лидери се загрижени за претседателствувањето на Трамп, откако тој на неколкупати искажа воодушевениот од рускиот претседател Владимир Путин и по исказот дека НАТО е „застарен.“

Пенс во саботата ќе се обрати на Минхенската конференција за безбедност, каде според вишиот советник, „ќе ги увери нашите сојузници за нашата посветеност спрема европските партнери и увереноста во трансатлантската алијанса“.

Американскиот потпретседател притоа ќе се сретне со германската канцеларка Ангел Меркел и неколку други лидери од Источна Европа. Планирани се разговори и со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

Во Брисел, Пенс ќе има средба со неколку лидери од Европскиот совет и НАТО, вклучувајќи ги и претседателот на Европскиот совет, Доналд Таск и секретарот на НАТО, Јенс Столтенберг.

XS
SM
MD
LG