Линкови за пристапност

Пенс на Балтикот


Потпретседателот на САД за време на посетата на Естонија изрази поддршка за сојузниците во регионот

Потпретседателот Мајк Пенс вети поддршка за сојузниците на НАТО, Естонија, Латвија и Литванија и кажа дека за балтичките држави не постои поголема закана, отколку агресијата на Русија.

„Во овој момент, Русија продолжува со обидите на сила да ги прецрта меѓународните граници, да ги поткопа демократиите на суверените нации, да ги подели слободните народи на Европа, и да ги сврти едни против други“, рече Пенс.

Toj додаде дека под Трамп, САД отфрлаат секаков обид за употреба на сила, закани, заплашување или непријателско влијание во балтичките држави или против кој било наш сојузник“.

Пенс зборуваше во главниот град на Естонија, Талин, по состанокот со естонската претседателка, Керсти Каљулаид, со претседателот на Латвија, Рајмондс Вејонис и литванскиот претседател Далија Грибаускаите.

Американскиот потпретседател изрази надеж за подобрување на односите со Русија, но рече дека „неодамнешната дипломатска акција“ од страна на Москва, нема да ги одврати САД од посветеноста на безбедноста на нејзините сојузници.

Пенс воедно ја пофали Естонија за исполнување на целта на НАТО, да троши најмалку 2 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, и рече дека Летонија и Литванија ќе го постигнат тоа ниво до крајот на следната година. Трамп на неколку наврати ги повика членките на НАТО да ја зголемат потрошувачката за целите на одбраната.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG