Линкови за пристапност

САД ќе продолжат со максимален притисок врз Северна Кореја


Потпретседателот Мајк Пенс зборуваше пред вработените во воздухопловната база „Јокота“ во Токио

Потпретседателот Мајк Пенс изјави дека САД ќе дејствуваат претпазливо и одлучно со нуклеарните и балистички закани на Северна Кореја, повторувајќи го предупредувањето на администрацијата на Трамп, дека „сите опции се на маса“ додека се бара мирно решение.

Пенс се обрати пред 54.000 вработени во воздухопловната база „Јокота“ во западниот дел на Токио.

„Севернокорејците што ќе се осмелат да го кренат гласот се затвораат, мачат дури и убиваат. Децата и внуците рутински се казнуваат поради гревовите на нивните фамилии кон државата“, рече Пенс.

Пенс нагласи дека ќе осигура злоделата на Северна Кореја да не бидат заборавени, само поради тоа што Пјонгјанг се обиде да понуди желба за соработка, преку учеството на Олимписките игри.

Тој додаде дека САД ќе продолжат со нивната кампања на максимален притисок против нуклераните програми на Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG