Линкови за пристапност

Пенс: САД нема да стојат настрана додека Венецуела се распарчува


Американскиот потпретседател Мајк Пенс се наоѓа во посета на Аргентина, во рамки на турнејата низ Латинска Америка. По средбата со аргентинскиот претседател Маурисио Макри, за време на заедничкта прес-конференција во Буенос Аирес, тој ја повтори намерата на претседателот Доналд Трамп за Венецуела.

„САД нема да стојат настрана додека Венецуела се распарчува, а претседателот стави јасно на знаење дека САД имаат многу опции, но навистина веруваат дека со зголемување на економскиот и дипломатски притисок врз режимот на Мадуро, не само во регионот, туку и пошироко, можат да постигнат враќање на демократијата во Венецуела со мирољубиви средства“.

Аргентинскиот претседател е најновиот латиноамерикански лидер, кој вели дека американската воена интервенција не е „начин“ за враќање на демократијата во Венецуела.

Макри додаде дека низ Латинска Америка постои едногласност против воено решение.

Во Аргентина во моментов се наоѓаат околу 60.000 бегалци од Венецуела.

Следна станица на потпретседателот Пенс се Чиле и Панама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG