Линкови за пристапност

Војниците му „должат“ на Пентагон?


Проневерата на јавни пари и лошото раководење со фондовите во Пентагон може да доведе до интервенција од Конгресот

Илјадници американски војници деновиве водат нова битка, овој пат против армијата за која некогаш служеле.

За време на најинтензивниот период на војната во Авганистан и Ирак, Националната гарда понудила исплата на премија. Армијата сега си ги бара парите назад затоа што премиите требало да бидат дадени само на војниците со специјални вештини.

Од Пентагон велат дека овие средства биле исплатени за војници во сите 50 сојузни држави на војници кои не се квалификувале за овие средства. Само во Калифорнија, националната гарда од 9,700 активни и пензионирани припадници побарува околу 22 милиони долари.

XS
SM
MD
LG