Бордот на довереници на Пен Стејт одлуката за отпуштање на 84-годишниот Патерно ја донел во среда навечер. Патерно го водел тимот во два национални шампионати, и победи во повеќе игри од кој било друг тренер во историјата на тренирање фудбалски тимови од американските колеџи.
Порано во средата, Патерно со солзи во очите понудил да се пензионира на крајот на сезоната, велејќи дека би сакал да „сторел повеќе“ откако дознал за обвиненијата.
Во 2002, дипломиран помошник го информирал Патерно дека бил сведок на случај кога поранешниот помошник тренер Џери Сандаски сексуално злоставувал 10-годишно момче во собата за туширање на универзитетскиот кампус.
Патерно на властите во колеџот им кажал за наводите, но не сторил ништо кога не била преземена акција против Сандаски.
Сандаски, кој си даде оставка од Пен Стејт во 1999, е обвинет за сексуално злоставување на најмалку осум момчиња во период од над десет години. Тој ги отфрли обвиненијата.
По соопштението за отпуштањето на Патерно, стотици студенти од Пен Стејт излегоа на улиците на кампусот, извикувајќи поддршка за Патерно и вандализирајќи возила на медиумите.
Патерно, кој беше во неговата 46-та сезона како тренер на Nittany Lions, е под криминална истрага.
Двајца училишни администратори се обвинети за непријавување на инцидентот на властите. Двајцата си дадоа оставка изминатиот викенд по растечката јавна лутина во врска со наводите.
Бордот во среда го отпушти и претседателот на универзитетот Грем Спениер, кој бил на чело на институцијата 16 години.
Во среда, американскиот Оддел за образование кажа дека истражува дали Пен Стејт потфрлил да извести за индиденти на сексуално злоставување на кампус, како што бара федерален закон.