Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, заедно со конгресна делегација, отпатува во Брисел каде, како што рече таа, се надева дека ќе ги убеди европските сојузници за поддршката од САД.
Пелоси пристигна во Белгија, по учеството на Конференцијата за безбедност во Минхен, заедно со државниот секретар Мајк Помпео и потпретседателот Мајк Пенс.
Таа пристигна во резиденцијата на премиерот Чарлс Мишел, каде што беше прашана дали САД ја гледаат Белигија како сојузник.
„Се разбира, затоа сме тука тоа да го покажеме. Имаме многу силна делегација, а некои веќе имаат состанок во НАТО. Сето тоа е почит кон нашиот сојузник Белгија и заложбата кон НАТО и Европската унија“, рече Пелоси.
Пелоси се сретна и со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Facebook Forum