Линкови за пристапност

Пелоси: Претставничкиот дом ќе биде куќа на народот


Новата спикерка даде заклетва опкружена со нејзините внуци и децата на останатите членови на Конгресот

Ненси Пелоси од денес е нова спикерка на Претставничкиот дом. При давањето заклетва таа ги повика нејзините внуци и децата на останатите членови на Конгресот, заколнувајќи се дека ќе го брани Уставот на државата.

„Пред нас се големи обврски, и почитувајќи ги вредностите на основачите на нашата нација овој дом навистина ќе биде куќа на народот“, рече Пелоси.

Таа истакна дека е горда оти ќе има можност да работи со сто жени во Конгресот, што преставува најголем број во американската историја досега.

„Со голема надеж и доверба во иднината исправени сме пред предизвиците со кои ќе се соочиме“, рече Пелоси.

Најави пониски трошоци за здравствена заштита, чиста животна средина, зголемени плати и обновена инфраструктура, за што очекува да соработува со претседателот на САД Доналд Трамп.

Нагласи и дека во текот на денот ќе работат за отворање на Владата на САД, додавајќи дека ќе обезбедат правда и слобода за сите граѓани, вклучувајќи и заштита на корисниците на програмата ДАКА, која опфаќа имигранти кои нелегално биле донесени во САД како деца.

„Ќе работиме заедно да го исполниме американскиот сон на секој граѓанин и да обезбедиме напредок“, рече таа меѓудругото.

Вети транспарентно работење, економија која ќе им одговара на сите граѓани, како и враќање на довербата на граѓаните во јавната служба.

Пелоси им се зблагодари и на сите мажи и жени кои служат во Армијата на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG