Линкови за пристапност

Пекинг: Кина и САД на работ на нова студена војна


Кина тврди дека одредени „политички сили“ во САД ги држат во заложништво билатералните односи и ги туркаат двете најголеми светски економии кон „нова студена војна“.

Говорејќи на Националниот народен конгрес во Пекинг кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, рече дека „политички вирус се шири во Соединетите Држави“ кој „ја користи секоја прилика да ја нападне Кина“.

Ванг вели дека Кина нема намера да ги промени или замени САД и дека Вашингтон треба да ја напушти „желбата да ја промени Кина и да спречи 1.4 милијарди луѓе на нивниот историски марш кон модернизација“.

Во последните месеци администрацијата на Доналд Трамп се судри со Пекинг за повеќе прашања – трговијата, технологијата и пандемијата. Претседателот изјави дека вирусот наводно избегал од лабораторија во Вухан, кинескиот град каде првично беше изолиран.

Кинескиот предлог - закон за безбедност во Хонг Конг е најнова тема за препирање меѓу двете страни. Критичарите сметаат дека тој го загроузува полуавтономниот статус на Хонг Конг.

XS
SM
MD
LG