Линкови за пристапност

Американски морнар во Перл Харбор уби две лица, па се самоуби


Засега нема информации дали настанот бил случаен или планиран однапред

Две лица беа убиени, а едно повредено од страна на американски морнар во пристаништето Перл Харбор во Хаваи, кој потоа се самоуби.

Настанот се случи вчера во делот за одржување на нуклеарните подморници. Смртта на трите лица ја потврди адмиралот Роберт Чедвик, кој кажа дека едно лице се наоѓа во стабилна состојба во локалната болница.

Тој изјави дека нема индикации дали настанот бил случаен или планиран однапред.

В сабота се одблежуваат 78 години од јапонскиот напад на Перл Харбор на седми декември 1941 година, што беше причина САД да влезат во Втората светска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG