Линкови за пристапност

Нови препораки за алергија од кикирики


Раното конзумирање може да помогне во превенцијата

Нови насоки за исхраната велат дека е во ред на децата да им се дава мала доза на кикирики за да се превенира сериозна алергија подоцна во животот.

Во новите насоки од Националниот институт за алергија и инфективни болести се изнесени информации како да се започне со користење на храна која содржи кикирики кај децата со благ умерен или висок ризик од алергиска реакција.

„Овој обновен водич за реакција од кикирики нуди многу“ вели алергологот Стивен Тилс, директор на Американскиот колеџ за алергија, астма и имунологија.

„Алергијата на кикирики буквално постана епидемија во последниве години, и сега имаме јасен начин да превенираме многу нови случаи. Студијата „Рано сознание за алергија на кикирики“ го поплочи патот и сега имаме обновен водич кој може да има драматично влијание врз секојдневната грижа за пациентите.

Всушност, за време на мојата кариера како алерголог, јас не можам да се` сетам на ниту една единствена публикација со поголемо влијание.“

Во новите насоки стои дека кај децата со висок ризик, оние со егзема или алергија на јајца, родителите можат да им дадат храна која содржи кикирики на возраст од 4-6 месеци, откако ќе биде одредено дека тоа е безбедно.

„Ако вашето дете е под висок ризик, новите упатства препорачуваат евалуација од алерголог, во кое може да биде вклучено тестирање за алергија, како и консумирање на кикирики за прв пат во специјализирана канцеларија“ вели алергологот Метју Гринхавт, ко-автор на студијата.

Според насоките реакција на кожата поголема од 8 мм или повеќе може да индицира алергија.

Сепак, истражувачите велат дека позитивен тест за кикирики е слаб индикатор за алергија откако студијата покажа дека децата кои се сензитивни на кикирики, не значи дека се алергични. Всушност, Д-р Гринхавт вели дека „студијата покажува дека децата изложени порано на кикирики имаат најголема добивка.“

„Алергологот може да одлучи детето да не проба кикирики воопшто ако има голема реакција на тест на кожата. Напротив, можеби тие ќе го советуваат детето да избегнува кикирики целосно, од можната постоење на алергија на кикирики“ се вели во ново објавениот извештај.

Според студијата, децата со умерен ризик, оние кои имаат умерена егзема, и веќе започнале со солидна исхрана не треба да бидат евалуирани. На овие деца родителите можат да им дадат храна која содржи кикирики уште на 6 месечна возраст.

И на оние деца со мал ризик можат да земат храна која содржи кикирики на 6 месечна возраст.

Родителите не треба да им даваат на децата цели парчиња кикирики, поради ризикот од згушување, и првата солидна храна кај новороденчињата не треба да содржи кикирики.

XS
SM
MD
LG