Линкови за пристапност

Израел и Палестинците ги продолжуваат разговорите во Вашингтон


Израел и Палестинците ги продолжуваат разговорите во Вашингтон
Израел и Палестинците ги продолжуваат разговорите во Вашингтон

Нетанјаху и Абас изразија определба за мировните напори за време на средбата со американскиот претседател Барак Обама, во средата во Белата куќа.

Лидерите на Израел и Палестинците во четврток се среќаваат во Вашингтон за нивните први директни мировни разговори за последниве две години.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги надгледува преговорите меѓу израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Американските претставници рекоа дека се наваат да се постигне договор во рок од една година.

Нетанјаху и Абас изразија определба за мировните напори за време на средбата со американскиот претседател Барак Обама, во средата во Белата куќа.

Американскиот претседател кажа дека „претпазливо се надева“ оти мир ќе биде постигнат. Тој рече дека двете страни знаат дека годините на меѓусебна недоверба нема да исчезнат преку ноќ.

Пречки остануваат, вклучувајќи закана од насилство, што беше илустрирано последниве два дена со два напади на израелски цивили, за кои одговорноста ја презеде палестинската милитантна група Хамас.

Абас го осуди нападот во кој беа убиени четворица Израелци и ранети двајца други на Западниот брег.

Безбедноста е големо прашање за израелската страна во мировните преговори. Нетанјаху кажа дека секој конечен договор би морало да вклучи аранжман да се обезбеди идната палестинска држава да биде демилитаризирана, и да не стане „терористичка енклава спонзорирана од Иран“.

Абас бара Израел да ги прекине сите активности во населбите на доселеници во областите што Палестинците ги сакаат како дел од нивната нова држава, и завршување на блокадата на Газа, што е под контрола на Хамас.

Палестинскиот лидер кажа дека преговорите ќе пропаднат ако Израел го прошири мораториумот на изградба на населби на Западниот брег што треба да истече на 26 септември.

XS
SM
MD
LG