Линкови за пристапност

Пристигна нова група волонтери на Мировниот корпус


Пристигна нова група волонтери на Мировниот корпус
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00

Пристигна нова група волонтери на Мировниот корпус

Мисијата во Македонија започна во 1996-та година

Со положувањето заклетва 44 Американци станаа дел од Мировниот корпус во Македонија. Станува збор за 22-та група волонтери во 20-те години од постоењето на корпусот во земјава.

„Ова се извонредни луѓе кои избраа да му се приклучат на Мировниот корпус. Овде во Македонија се чувствуваме збогатени од нивното присуство и нивниот позитивен однос. Оваа 22 група составена од 44 мажи и жени не е исклучок и е подготвена да се справи со предизвиците што ја чекаат во наредните две години“ вели Марк Ханафин, Директор на Мировен корпус во Македонија

Заклетвата беше дадена пред претставниците на институциите и организациите кои се дел од процесот на соработка со Мировниот корпус. Оваа група волонтери во изминатиот период ги изучуваше јазиците што се зборуваат во Македонија.

Желбата на волонтерите да бидат токму во Македонија, според амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли, се должи на нивниот интерес за луѓето и културата во земјата:

„Поголемиот дел од волонтерите ја одбрале Македонија пред другите земји каде е присутен Мировниот корпус и се избрани врз основа на нивните вештини, искуство и образование“.

Мировниот корпус почна со работа во Македонија во 1996-тата и досега низ него поминале повеќе од 680 американски граѓани кои работеле во речиси сите општини во земјата.

XS
SM
MD
LG