Повеќе од една третина од возрасните во САД, или 35%, велат дека доживотно би се откажале од своето право на глас, во замена за 10 отсто зголемување на платата.
Според студија на веб-страницата „Ленд-Еду“ - LendEdu, што нуди финансиски совети, Американците би се откажеле од многу работи во замена за повисоки примања.
Преку 50 отсто од испитаниците се изјасниле дека три години ќе престанат да гледаат филмови, само за да ја постигнат целта. Над 15 проценти рекле дека за повеќе пари, ќе се откажат од сите денови за одмор. Половина од анкетираните би биле во ред да работат по еден ден секој викенд во траење од една година - се` за повисока плата.
Во продолжение, следи листа на други, таканаречени „жртви“, за да се дојде до долар повеќе:
- 53,55 отсто ќе се откажат од сите профили на социјалните мрежи во следните пет години.
- 73,42 отсто рекле би се откажале од сите алкохолни пијалоци во следните пет години.
- 18,9 отсто би биле сосема во ред, доколку немаат пристап до здравствено осигурување, исто така во следните пет години.
- 55,9 проценти до крај на животот би работеле дополнителни 10 часа неделно.
- 47,74 отсто од испитаниците, пак, рекле дека во следните две години, би се откажале од сите производи што содржат кафеин.
Додека резултатите од истражувањето за некого можно е да бидат шокантни, бројни извештаи открија дека мнозинството од Американците дури немаат ни заштеда од 1.000 долари, за да покријат потенцијални вонредни ситуации.
Facebook Forum