Околината на Вашингтон го слави егзотичното овошје По По, симбол за домородните Американци, кое патувало години и милји од тропските краишта, пред повторно да се врати на местото од каде потекнува.
Иако со малку промент изглед и вкус од минатото, ова овошје со вкус и на манго, и на банана, денес може да се најде на дрвјата во сојузните држави Вирџинија и Мериленд.
Локалното население направило и фестивал во негова чест. Вели дека По По конечно се вратил дома.
Организаторот Мајкл Џад вели дека овошјето се` уште го нема во продавниците, бидејќи луѓето многу малку се информирани за него.
„Вкусно е. Луѓето се возбудени, бидејќи пробуваат нешто ново, и тоа егзотично, кое расте овде, среде цивилизација и на ниска температура. Едноставно ве прави среќни“, вели Џад.
Ова е џем од По По. Брајан Редмонд го има рецептот за него.
„Го сецакаме овошјето, додаваме сок од лимон и малку шеќер, и веќе е готово. Може да се јаде со леб, но, и со јаболка“, вели Редмонд.
Џемот оди во комбинација и со пиво од По По.
„Во пиво од ѓумбир, кое ферментира 24 часа, и кое не содржи алкохол, ставаме По По, место шеќер. Прекрасно е“, вели Дена Ковитски.
Луѓето го користат ова древно овошје и во подготовка на пица и сладолед, но, најчесто го јадат свежо. Родителите велат дека по по е вкусен и за децата
„Не се чувствуваше добро неколку дена, и речиси ништо не јадеше. Сега проба По По и не може да престане“, вели гостинка на фестивалот.
Организаторот Џад вели дека е време луѓето да почнат да експериментираат со ново овошје и зеленчук, кои не се толку познати, а иако првпат од нас слушна за ајварката, рече дека ќе ги проучи условите и за нејзино производство во неговата градина.
Facebook Forum