Спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, соопшти дека нема да се кандидира на изборите во ноември. Со тоа го постави прашањето дали републиканците ќе можат да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом.
За време на прес-конференција, Рајан објави дека ќе се пензионира по завршувањето на мандатот во јануари, затоа што сака да помине повеќе време со семејството.
„Дадов се` што имам за оваа работа, и не жалам за прифаќањето на одговорноста“, изјави Рајан пред новинарите. „Но, вистината е дека таа лесно може да го преземе вашиот живот“.
По 20 години во Претставничкиот дом, Рајан рече дека сака да помине повеќе време со својата сопруга и трите деца.
Неговото заминување, најверојатно, ќе доведе до битка кој да го замени на функцијата.
Некои од клучните играчи, наводно, се лидерот на мнозинството Кевин Макарти од Калифорнија и Стив Скалис од Луизијана.
Рајан ја отфрли загриженоста дека неговото пензионирање може да влијае на републиканските напори за задржување на мнозинство во Претставничкиот дом.
Facebook Forum